Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски денес се вклучи „во живо“ на Инстаграм каде што во опуштена атмосфера зборуваше на разни теми и одговараше на прашања од фановите.
„Бомбардерот“ откри дека најтежок предмет му бил физика, го слушаше Лозано (Километри), се шегуваше на своја сметка, а кратко разговараше и со поранешниот репрезнетативец Мирко Ивановски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нестор доби прашање за ситуацијата во Прилеп и стадионот на Победа:
„Стадионот во Прилеп го видов пред 6-7 месеци и не беше баш во најдобра состојба. Победа во овој момент е втора лига и како што стои работата, не дај боже може да заврши во трета. Победа, Пелистер…Тоа се екипи кои се потребни на македонскиот фудбал“.
Потоа на кратко друштво му правеше, Мирко Ивановски.
Ивановски го праша Нестор каква е ситуацијата кога почнуваат:
„Од 4-5 мај би можеле да почнеме во групи. Најверојатно ќе играме потоа до крајот среда-недела. “.
Ивановски му возврати ќе се „умреш“ одиграње на што Нестор се пошегува на своја сметка.
„Ќе се „умрат“ некои други. Јас среда ќе ја скокам“, опуштено се пошегува Нестор на своја сметка.
Секако ова беше само еден дел од опуштеното дружење со Нестор на социјалните мрежи.