Тимот кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место во Западната конференција, Хјустон Рокетс во првиот натпревар од плеј-офот со 104:101 беа подобри од Минесота.
Најинтересната ситуација на оваа средба се случи во самата завршница на натпреварот. Харден промаши слободно фрлање, а Карл-Ентони Тоус ја прифати топката и тргна да му ја предаде на судијата, за да се изведе второто.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Проблемот“ беше во тоа што досудено беше само едно слободно фрлање и играта можеше да продолжи!
Освен Крис Пол кој почна да бара „чекори“ никој друг не сфати што се случува. Тоунс во тој момент се прибра и го продолжи нападот на својот тим.
The most hilarious travel moment not called maybe ever, and def a #Shaqtin moment like no other from Karl Towns, the referees and both teams. pic.twitter.com/CruHffZsmN
— Andrew Jerell Jones (@sluggahjells) April 16, 2018