Дома Фудбал Италија Неверојатно: Тоти на 48 години може да се врати на терените

Неверојатно: Тоти на 48 години може да се врати на терените

Франческо Тоти во септември наполни 48 години, но многу лесно би можел да се врати на терените бидејќи не престанал да добива понуди.

Тој официјално се пензионира пред седум години, но смета дека би можел да се подготви доволно за да биде корисен во италијанската елита.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Има тимови од Серија А кои сакаа да се вратам на теренот, што малку ме примора да размислам. Малку е веројатно, но никогаш не може да се каже никогаш. Има фудбалери кои се вратиле на теренот по неколку години откако заминале во пензија. Ќе зависи и од тоа кој ќе ми понуди, но би се вратил само во Серија А. Со два-три месеци тренирање би бил подготвен за половина час на теренот“, изјави Тоти.

Тоти е легенда на италијанскиот фудбал и целата своја кариера ја помина во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бaерн на чекор до нокаут фаза, суперталентот повторно блеска

Баерн Минхен веќе го допира пласирањето во топ 8 на Лигата на шампионите, откако го совлад…