Легендата на Рома, Франческо Тоти изјави дека доколку тој е функционер во клубот ќе ја продаде првата ѕвезда Пауло Дибала.
Аргентинецот има откупна клаузула според која може да си замине на лето за само 12 милиони евра. И додека навивачите се загрижени дека може да си замине, Тоти смета дека Дибала треба да биде продаден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Зборуваме за врвен играч, но мораме да ги земеме предвид клупските интереси и цели за во иднина. Да сум јас клупски функционер, во моите планови немаше да имам играч кој игра 15 натпревари годишно. Мора да размислите и за тоа“, изјави Тоти.
Оваа сезона Дибала постигна 14 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања, но поради повреди пропушти дури 13 натпревари.