Иднината на Килијан Мбапе е главна тема, откако ПСЖ дефинитивно го исфрли од тимот и не го повика на турнејата во Јапонија.
Парижаните со сите сили се обидуваат да се ослободат од 24-годишниот Французин ова лето откако им стана јасно дека тој сака да замине бесплатно следната година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Екип“ пишува дека Реал и Мбапе веќе имале договор тој да се пресели во Мадрид следното лето како слободен агент и да добие бонус од 100 милиони евра.
Ал Хилал е подготвен да го купи Мбапе на една година и така да го реши проблемот. Французинот една година да игра во Саудиска Арабија за 300 милиони евра, а следното лето да се пресели во Мадрид.
Претставници на Ал Хилал се во Европа и преговараат со семејството, кое смета дека тоа е најдобра солуција и го притиска Мбапе да прифати една година да игра во Саудиска Арабија.