Дома Фудбал Останато НЕВЕРОЈАТНО – Статистиката доволно покажува колку ова трио е фантастично!

НЕВЕРОЈАТНО – Статистиката доволно покажува колку ова трио е фантастично!

ПСЖ синоќа ја потврди својата доминација во Франција оваа сезона. Без големи проблеми го совлада во гости актуелниот шампион Монако со 2:1.

Кавани постигна нов гол, вкупно 16. оваа сезона во Лига 1 и сега има плус три гола од Фалкао. Нејмар исто така се запиша во листата на стрелците и тоа откако избори удар од белата точка. За Бразилецот ова беше осми гол, а запиша и пет асистенции.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Светците“ играат одлично и во Лигата на Шампионите, каде што го обезбедија пласманот во втората фаза од натпреварувањето, најверојатно како прв тим во групата во конкуренција на Баерн. Мбапе-Кавани- Нејмар барем засега делува незапирливо и од стартот на сезоната постигнаа 43 гола и запишаа 18 асистенции.

Едисон Кавани постигна дури 22 гола и со тоа запиша две асистенции на 19 натпревари, Нејмар постигна 14 гола со девет асистенции на 15 натпревари, а Килијан Мбапе по седум гола и асиснтеции на 14 натпревари во сите натпреварвања.

Ова е и повеќе од импресивно. Многумина веќе се прашваат дали ова е најдоброто трио во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…