Дома Топ вести Неверојатно: Нејмар и помогнал на Барса за трансферот на Де Јонг!

Неверојатно: Нејмар и помогнал на Барса за трансферот на Де Јонг!

Без да знае, ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар одиграл клучна улога во трансферот на Френки де Јонг во Барселона, пренесува „АС“.

Според весникот, Нејмар изминатите месеци испратил многу пораки преку „Whats App“ на раководните луѓе во Барселона, со кој изразувал жалење што го напуштил каталонскиот клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бразилецот се жалел од недостатокот на конкуренција во француската лига, како и пониското ниво на професионалност кое го има во ПСЖ.

Раководните луѓе на Барса ги искористиле тие пораки во преговорите со фудбалерот, лично му ги покажале за да го убедат да го одбие ПСЖ и да се пресели на „Камп Ноу“.

„АС“ тврди дека тоа одиграло клучна улога Де Јонг да ја одбие повисоката плата во Париз и да се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…