Дома Фудбал Останато НЕВЕРОЈАТНО: Клаузулата на Мертенс ги шокира сите!

НЕВЕРОЈАТНО: Клаузулата на Мертенс ги шокира сите!

Белгискиот напаѓач, Дрис Мертенс и оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Наполи кои напаѓаат кон Скудетото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мертенс минатата година беше најдобриот стрелец на својата екипа и на фантастичен начин го замени Милик на позиијата напаѓач. Белгијанецот минатото лето одлучи да остане во Наполи и да му помогне на својот тим конечно да ја освои титулата италијански шампион.

Овој напаѓач одлично ја започна и оваа сезона, бидејќи постигна девет гола на десет натрпевари во Серија А. Меѓутоа, постои голема шанса Мертенс следното лето да го напушти Наполи доколку клубот не успее да потпише нов договр.

Според пишувањето на италијанските медиуми, Мертенс со Наполи има договор до летото 2020. година, но и шокантна мала откупна клаузула. Наводно, Мертенс би можел да го напушти Наполи за „само“ 28 милиони евра, колку што изнесува и неговата откупна клаузула.

Овој 30-годишен напаѓач така би можел многу лесно да ја промени средината доколку не добие нов договор и ако се појави клуб кој е подготвен да ја активира неговата откупна клаузула што навистина во денешно време не би требало да биде проблем за европските гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…