Дома Трансфер зона Неверојатна цифра: Жорже Медеш ова лето заработи богатство од трансферите

Неверојатна цифра: Жорже Медеш ова лето заработи богатство од трансферите

mendes

Иако преодниот рок се уште не е завршен, полека се прави збир за тоа колку познатите светски менаџери заработиле на трансферите.

На врвот на листата по заработка од трансфери на играчи ова лето е еден од најдобрите фудбалски менаџери Жорже Мендеш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува португалска А Бола во овој преоден рок Мендеш инкасирал околу 20 милиони евра.

Најмногу заработил на трансферот на Рубен Диаз од Бенфика во Манчестер Сити. Заработката на Мендеш во овој трансфер изнесува 6.8 милиони евра, а на трансферот на Отаменди од Сити во Бенфика заработил 1.5 милиони евра.

На трансферот на Диого Жота од Волвс во Ливерпул инкасирал 4.4 милиони евра, додека на трансферот на Силва од Порто во Волвс заработил 4 милиони евра. Три милиони евра заработил и на трансферот на Нелсон Семедо од Барселона во Волвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…