Дома Останати Кошарка НБА ѕвездата за своето сиромашно, но среќно детство: Продавав очила за сонце и часновници – бев најдобриот продавач!

НБА ѕвездата за своето сиромашно, но среќно детство: Продавав очила за сонце и часновници – бев најдобриот продавач!

janis

Денес е една од најголемите ѕвезди во најсилната кошаркарска лига НБА и нема никакви проблеми со финансиите, но во неговото детство бил приморан да се снаоѓа.

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо зборуваше за своето сиромашно, но како што кажува тој среќно детство.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Имено, Адетокумбо откри дека како дете бил приморан да продава очила за сонци и часовници на улиците со цел да заработи „џеперлак“.

„Знаете беше тешко. Немавме многу пари, но секогаш бевме среќни и никогаш не ни недостасуваше среќа. Во тоа време кога беше тешко сите бевме во една соба, иста соба, но се забавувавме. На улиците продавав очила за сонце и часовници. Морам да се пофалам дека бев најдобриот продавач бидејќи никогаш не се откажував. Им бев симпатичен, не се одвојував од нив се додека не купат нешто“, зборуваше Адетокумбо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн заминува од Лејкерс и со син му ја напаѓа петтата титула

Популарниот Брајан Виндхорст, новинар на „ЕСПН“, денеска објави дека Голден Стејт е тимот …