Во финалето на Лига Европа на 31-ви мај во Будимпешта ќе се сретнат Рома и Севиља, а во тој натпревар ќе биде испишана историја, без разлика кој ќе победи.
Фудбалерите на Севиља до завршницата стигнаа откако вчера го елиминираа Јувентус по продолженија, додека Рома со реми 0:0 го исфрли Баер Леверкузен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Севиља е рекордер во ова натпреварување и го освои шест пати од исто толку учества во финалињата, додека тренерот на Рома, Жозе Мурињо никогаш не изгубил европско финале.
Лигата на шампионите, Португалецот ја освојуваше со Порто и Интер. Лигата на Европа со Манчестер Јнајтед, а Конференциската лига со Рома.
Значи на 31-ви мај во Будимпешта некоја серија ќе заврши – ќе видиме која!