Дома Македонски спорт На 24. октомври во Скопје ќе се одржи „Business Run 2020“

На 24. октомври во Скопје ќе се одржи „Business Run 2020“

На 24 октомври во Скопје ќе се одржи Business Run 2020, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор.

Правилата и процедурите на ова издание на трката се прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид.
За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, ди-пломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заед-ница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија. 
Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Минатата година најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Фитнес Парк, а третото место го освои екипата на Телеком.
Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија. 

Најбрзите три тимови на Business Run 2020 ќе бидат наградени со златна, сребрена и брон-зена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска кон-куренција, оние кои истрчале најбрз круг. 

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компа-ниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените. Организатор на Business Run 2020 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…