Дома Фудбал Англија На 19 години бил бездомник, а денес на 26 години е репрезентативец на Англија

На 19 години бил бездомник, а денес на 26 години е репрезентативец на Англија

Животните приказни на многу фудбалери се навистина неверојатни.

Голем број фудбалер поминале тежок пат да стигнат таму каде што се денес, а една инспиративна животна приказна има денешниот репрезентативец на Англија, Тајрон Мингс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 26 годишен фудбалер доби повик од Герет Саудгејт за натпреварите против Бугарија и Косово. Мигнс има навистина бурно минато.

Со мајката и трите сестри бил бездомник. Живееле цела година на улиците, додека се обидувал да се пробие во фудбалот.

„Завршивме на улица. Живеевме кај еден човек и еден ден мораше да заминеме. Добро се сеќавам дека се бањавме во локалните хуманитарни установи. Беше тешко. Долго останавме во еден камп, кога сте уште дете таквото искуство е ужасно“, открива Мингс.

Многумина сметале дека нема талент. Од Саутемптон бил отпуштен на 15 години и не му дале шанса да се докаже во Кардиф, Портсмунт и Бристол Сити.

Потоа почнал да игра во нисколигашки тимови. Чиенхам Таун бил тимот за кој настапувал кога имал 19 години, во тоа време работел и како келнер за 45 фунти неделно.

„Имав многу моменти кога се прашував, дали тоа е тоа? Дали ова е најдалеку што ќе стигнам. Некогаш помислувави дека од фудбалот нема да можам да живеам“.

Сепак, среќата му се насмевнала во 2012 година. Поранешниот дефанзивец на Ипсвич, Расел Осман го забележал Мингс и го препорачал на менаџерот во тимот на Мик Мекартни.

Добил шанса да оди на проба и таму воодушевил. Играл три години и во 2015 година направил трансфер во Бурнемоут за осум милиони фунти.

Меѓутоа наскоро следувал нов шок. Ги скинал лигаментите на коленото поради што поминал една година надвор од терените, но и покрај проблемите успеал да се избори.

Шест месеци поминал на позајмица во Астон Вила за овој тим ова лето да го откупи неговиот договор за 25 милиони фунти. Со одличните настапи од почетокот на сезоната си обезбеди и повик во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…