По завршувањето на сезоната, во ПСЖ одлучија да ја подигнат дисциплината во екипата. На сопственикот Насер Ал-Келаифи му е „преку глава“ од разгалените ѕвезди, па одлучи да ја промени политиката на клубот.
Еминентниот весник „Екип“ тврди дека францускиот шампион е подготвен да се откаже и од најголемата ѕвезда Нејмар. Бразилецот откако дојде до ПСЖ, ужива статус на супер ѕвезда, има годишна плата од 35 милиони евра, но резултатите изостанаа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Целта на богатите сопственици е освојување на Лигата на шампионите, но засега најголем дострел на екипата е пласман во четвртфиналето, додека Нејмар секоја година поради повреди отсуствува најмалку еден месец.
Не сакам веќе да се однесуваат како ѕвезди. Играчите мораат да превземат повеќе одговорност за разлика од порано. Се треба да биде потполно различно. Мора да се работи повеќе и понапорно… Не се овде дојдени за да уживаат. Ако не се служуваат со ова, вратата им е отворена. Не сакам да се однесуваат како ѕвезди“, изјави Ал-Келаифи.
Според „Екип“ оваа порака е упатена кон Нејмар по обвинувањата за силување и честите повреди поради неспортски живот. ПСЖ е спремен да го продаде Бразилецот доколку пристигне примамлива понуда.