Дома Фудбал Италија На поранешните функционери на Јувентус им се заканува затвор

На поранешните функционери на Јувентус им се заканува затвор

Голем скандал го тресе најтрофејниот италијански клуб Јувентус, откако обвинителството покрена истрага за финансиски малверзации.

Обвинителството во Торино поднело барање за обвинение против 12 лица кои се под истрага, меѓу кои и поранешниот претседател на клубот Андреа Ањели, поранешниот потпретседател Павел Недвед, поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене и Фабио Паратичи, објави „Скај Спорт Италија“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Под истрага се вкупно 16 физички и правни лица, меѓу кои и Јувентус како клуб.

„Газета дела Спорт“ открива дека поради тоа целото раководство и претседетлот Ањели експресно си поднесоа оставка, бидејќи можело да бидат уапсени.  Обвинителството се подготвувало да побара од судот на Ањели да му биде одредена мерка „домашен притвор“, за да не може да влијае врз сведоците и да уништува докази.

Лицата под истрага може да се соочат со парични казни од 20.000 до 5 милиони евра или затворска казна од 1 до 8 години. Исто така и Јувентус како клуб се соочува со сериозна казна, па дури и можно исфрлање во понизок ранг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …