Дома Фудбал На многумина не им е јасно како Меси е на врвот на рангирањето за најдобар играч во светот, но има причина

На многумина не им е јасно како Меси е на врвот на рангирањето за најдобар играч во светот, но има причина

Лионел Меси моментално е главен кандидат за освојување на Златната топка и многумина се во неверување за тоа иако со Аргентина го однесе трофејот на Светското првенство во Катар.

Но, недостигаа други трофеи, Меси не блескаше и одигра многу просечна сезона во ПСЖ.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Лионел Меси моментално води во поредокот за „Златната топка“. Иако не блескаше во дресот на ПСЖ, Аргентинецот ја предводеше репрезентацијата до титулата светски шампион во Катар и тоа моментално му дава предност пред сите останати.

Титулата на Мундијалот ќе биде вклучена во бодовите за сезоната 2022/2023 поради фактот што Мундијалот се игра на средина од сезоната и тоа може да биде пресудно во финалното гласање за најдобриот во светот.

Покрај трофејот со Аргентина, тој ја освои и Лига 1 со ПСЖ и вкупно постигна 38 гола и имаше 25 асистенции во сезоната.

Така, Меси во моментов е главен кандидат за освојување на Златната топка. Номинираните ќе бидат откриени во август и останува да се види дали аргентинскиот волшебник по осми пат ќе го подигне овој престижен трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …