Дома Македонски спорт Најдобриот европски одбојкар Вања Грбиќ одржа тренинг во Скопје

Најдобриот европски одбојкар Вања Грбиќ одржа тренинг во Скопје

Членовите на ОК „Јанта Волеј” во Кисела Вода имаа можност да се запознаат и да тренираат со поранешниот најдобар југословенски и српски репрезентативец Владимир Грбиќ – Вања.

На овој тренинг Грбиќ на одбојкарите на клубот од Кисела Вода им ги пренесе неговите вештини, а зборуваше и за тоа како треба да им се спротивстават на противниците на натпреварувањата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Грбиќ го презентираше и претстојниот летен камп, кој во негова организација оваа година ќе се одржи во Соко Бања, Србија. На истиот во периодот од 23 јуни до 28 јули голем број млади одбојкари од повеќе држави ќе се стекнат со нови искуства.

Одбојкарот кажа дека од септември ќе започне реализација на проектот Медвеѓа, Прокупље и Лепосавиќ во кој вклучена е и Општина Кисела Вода.

„Имавме успешен тренинг на кој мојата цел беше на тренерите и младите одбојкари даим ја приближам мојата визија и филозофија во усвојување на вештините на одбојката,како и на кој начин младите одбојкари да работат. Им покажав како подобро да владеат со топката и им укажав да не се плашат. Кога ќе го работиме меѓуграничниот проект Општина Кисела Вода, Прокупле, Медвеѓа и Лепосавиќ кој од септември ќе започне да се одвива одбојкарите ќе имаат можност да научат нешто повеќе за одбојката. Сакам да истакнам дека задоволен сум од соработката со „Јанта Волеј” и во иднина се надевам дека ќе соработувам и со други македонски клубови. На присутните им го презентирав и летниот камп кој во моја организација ќе се одржи од 23 јуни до 28 јули во Соко Бања. На истиот околу 1000 млади одбојкари ќе се стекнат со нови вештини и искуства. Сакам да нагласам дека сум задоволен од тренингот, македонските одбојкари добро владеат со топката, квалитетни се, треба да бидат упорни да работат многу. Верувам дека заеднички ќе направиме уште поголеми успеси“, изјави Грбиќ.

Светски познатиот одбојкар Владимир Грбиќ – Вања за одбојкарската репрезентација Србија на најголемите натпреварувања Светска лига, Олиписки игри, Светски и Европски првенства има освоено над 10 медали. Во неговата богата спортска кариера одбојкарот има настапувано и за многу одбојкарски клубови ширум светот. Покрај ова награден е за животно дело од Европската одбојкарска Федерација, а беше прогласен и за најдобар одбојкар во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…