Дома Македонски спорт ОФМ: Група на надеж за македонските одбојкари!

ОФМ: Група на надеж за македонските одбојкари!

Стари должници, посилни репрезентации, но и противници со коишто имаме позитивен биланс. Генерално, македонската одбојка може да биде задоволна од ждрепката за групната фаза на Европското првенство 2023-та на коешто ниеќе бидеме еден од четирите коорганизатори.

Црна Гора како наш, а Полска, Холандија, Чешка и Данска како избор на судбината, ќе дојдат во Скопје во август и во септември со цел да обезбедат влез во нокаут-сегментот. Нашиот пристап може да биде двостран, што значи да се надеваме на прво осминафинале со пласман на првите четири позиции, или, пак, само да најавуваме подобар настап од лани во Тампере кога немамве победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со Данска имаме доминантен ефект, со напомена дека го загубивме финалето на Европската сребрена лига пред година и половина и тоа на домашен терен во Струмица. Како и ние, Црна Гора играше на претходните два континентални собира, беше подобра од нас во полуфиналето на единствената Еврпопска лига во 2014-та, но ние ја одбравме токму затоа што на ваково натпреварување нема лесен ривал, а против Црногорците сметаме дека сме во подобра позиција, особено во арената „Борис Трајковски“.

Полска е трикратен светски шампион и освојувач на десет медали на европските првенства, а нејзините навивачи се едни од најстраствените за одбојка, па атмосферата во Скопје може да биде инспиративна и за Македонците. Од Холандија загубивме во Тампере, а Чешка не елиминираше во баражот за континенталниот самит во2009-тата. Сепак, групата „Це“ е за надеж.

Откако ЦЕВ го прошири форматот со 24 репрезентации, ова е трето европско првенство. Трофејот ќе го брани Италија која во групата „А“ пред своја публика ќе се сретне со Швајцарија, со Србија, со Германија, со Белгија и со Естонија. Покрај домаќинот, во Бугарија ќе играат и Финска, Словенија, Украина, Хрватска и Шпанија, а во групата „Де“ во Израел ќе се натпреваруваат дебитанот, но и Романија, Франција, Турција, Португалија и Грција

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…