Дома Фудбал Останато Најголемиот измамник во фудбалот – Играл напаѓач 20 години и не постигнал ниту еден гол!

Најголемиот измамник во фудбалот – Играл напаѓач 20 години и не постигнал ниту еден гол!

kaiser

Приказната е прилично стара, но добро е да се потсетиме за оние кои не ја знаат.

Карлос Енрике Каисер е најголемиот измамник во најважната споредна работа во светот. Тој е Бразилец кој во текот на својата кариера од 20 години не постигнал ниту еден погодок, бидејќи фудбалски талент тој воопшто и немал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа приказна датира од почетокот на осумедесетите години на минатиот век, кога Каисер се дружел со големи фудбалери како Ромарио, Едмундо и слични ѕвезди од Бразил. Кога неговите другари ќе потпишеле договор, ги убедувале соптвениците на клубовите да го доведат „талентираниот“ Каисер.

Тој би добил договор од три месеци. Пристигнувал во клубот каде што би му биле потребни неколку недели да се прилагоди. После еден месец би дошол на тренинг, а потоа веднаш ќе се повредел, по што морал на пауза.

Со „повредите“ немал среќа, а неговата измама била откриена во Ботофаго. Тој со себе носел и голем мобилен телефон кој во тоа време бил луксуз и наводно зборувал со агенти од Англија кои биле „заинтересирани“ за него.

Во Ботафаго еден од докторите знаел англиски и го земал телефонот на Каисер додека тој бил во бањата и сфатил дека тоа е всушност само играчка. Каисер побегнал од Ботофаго, но „кариерата“ ја продолжил во Фламенго, Васко Де Гама, Палмеирас и Фламиненсе.

Приказната секаде била иста. Пристигнувал на тренинг, ја шутирал топката најсилно што може и веднаш се превиткувал на теренот…Во една ситуација дури добил и прилика да игра.

„Тренерот ме убеди дека ќе седам само на клупата. Меѓутоа губевме и ме испрати на загревање. Доколку влезев во игра мојата измама ќе беше откриена, па морав некако да пронајдам решение. Забележав дека навивачите ги навредуваат фудбалерите. Истрчав до оградата и започнав да ги навредувам и поради тоа заработив црвен картон“, открива Каисер.

Поради оваа ситуација сопственикот на клубот ме повика на разговор и ме запраша зошто го направив тоа, а јас му одговорив: „Мојот татко почина, јас во вас добив нов татко и нема да дозволам никој да го навредува мојот татко, а такво нешто правеа навивачите“, објаснувал измамникот, а на сето ова тој добил и нов договор.

Каисер заиграл и во Европа и тоа за тимот на Ајачио. На првиот тренинг 1000 навивачи се собрале да го видат новото „засилување“. Во тие моменти Каисер не сакал да се посрамоти со своето незаење па започнал топките  да ги шутира кон навивачите, се додека не ги шутнал сите. Поради ова тренерот бил принуден да одржи кондиционен тренинг.

Овој фудбалер на ваков начин изградил „кариера“ од 20 години, собрал 30 настапи, секој од нив бил од клупата за резерви и не постигнал ниту еден гол, а се претставувал како напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…