Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Мексико – земјата на чилито ја предводат Чичарито, Вела и Пералта

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Мексико – земјата на чилито ја предводат Чичарито, Вела и Пералта

mexico

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Стигнавме до групата Ф каде што на стартот ви го претставивме светскиот шампион Германија, а вчера селекцијата на Шведска, денес продолжуваме со – Мексико.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


МЕКСИКО

Мексико на Мундијалот ќако што кажавме ќе игра во групата Ф каде што уште се сместени селекциите на Германија, Шведска и Јужна Кореја. На Мексиканците покрај аутсајдерот Кореја и Шведска им се даваат солидни шанси за освојување на втората позиција, секако Германија е главен фаворит за првото место.

Опасните Мексиканци Мундијалот ќе го отворат против актуелниот светски шампион Германија на 17 јуни на „Лужњики“ стадионот во Москва. Пет дена подоцна ќе сретнат со Северна Кореја, натпревар во кој се фаворити и очекуваат да освојат три бода. Последниот натпревар го играат на 27 јуни и тоа можеби за нив најважниот против селекцијата на Шведска.

Мексико во својата историја 15 пати настапувал на еден Мундијал, а во овој момент се наоѓа и на 15-тата позиција на ФИФА ранг листата.

Meсто на Мундијалот обезнедија како победници во КОНКАКАФ зоната во конкуренција на Костарика, Панама, Хондурас, САД и Тринидад и Тобага. Мексико квалификациите ги заврши на првата позиција со 21 бод и гол разлика 16:7, како и учинок од шест победи, три нерешени средби и еден пораз.

Во Русија ќе настапат со стандардните зелени (прв избор) и бели (втор избор) на дресови дизајнирани од компанијата „Адидас“.

mexico

Селекторот Хуан Карлос Орсорио го чекаше последниот ден (денес) да го објави конечниот список за Мундијало во составот кој најголеми ѕвезди се, голманот Гиљермо Очоа, дефанзивецот Лајун, играчите за врска Ектор Ерера и Џовани Дос Сантос, а во нападот Орибе Пералта, Чичарито и Карлос Вела...Во продолжение погледнете го конечниот список.

mexico

Oбложувалницата „Coinbet24“ веќе ги има објавено коефициентите за Мундијалот, а очекувано Мексико е втор фаворит за победа во оваа група со коефициент од 8.00, после Германија за која коефициентот изнесува 1.35.

Мексико како што споменавме првиот натпревар го игра против Германија и на оваа средба не е фаворит, па за победа добива коефицинет од 7.10, додека за триумф на актуелниот светски шампион коефициентот изнесува 1.45, за реми 4.40.

На втората средба против Јужна Кореја Мексиканците се фавори против Кореја и „Coinbet24“ им доделува коефициент од 1.90, за победа на Северна Кореја добивате коефициент од 4.45, за реми 3.30.

Кога во последното коло од групната фаза ќе се сренат Шведска и Мексико, изразит фаворит ќе нема. Мексико за победа добива коефициент од 2.58, додека на Шведска и се доделува 2.88  за реми коефициентот изнесува 3.15. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…