Страшни вести ни пристигнуваат од Мексико каде што крадци влегле во куќата на фудбалерот на АЕК, Родолф Пизаро. Крадците при грабежот ја задушиле тетката на Пизаро, а ги претепале мајката и вујкото.
Наводно се се случило кога мајката и вујкото заедно со помошничката заминале до куќата каде што живеела тетката на фудбалерот. Во куќата тие пристигнале загрижени бидејќи не им одговарала на повиците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На местото тие затекнале страшни сцени, крадците се уште биле тука, па затоа биле претепани. Поголема трагедија била избегната благодарение на куќната помошничка која повикаа брза помош.
За жал докторите по пристигнувањето констатирале смрт на тетката на Пизаро.
¡FUERZA RODO ESTAMOS CONTIGO! 🙏
— Analistas (@SomosAnalistas_) January 29, 2024
Lamentablemente le arrebataron la vida a la tía de Rodolfo Pizarro en Ciudad Madero
Su mamá intentó huir y recibió dos impactos de bala, su tío fue golpeado gravemente pic.twitter.com/If6rwQbPuW