„Road to Kiev“, е навика да се прочита во секое време особено додека е се уште актуелна Лигата на шампионите.
Финалето во европското натпреварување е на 26. мај во тој украински град, каде ќе играат Реал или Баерн против Ливерпул или Рома во битката за европскиот трофеј.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но свое финале сезонава игра и италијанскиот клуб од југот. Кротоне се подготвува за 36. коло во Серија А, каде гостува кај Киево, од кого има три бода повеќе во битката за опстанок. Со теми, а посебно со победа, клубот би опстанал во елитниот ранг и би го оттурнал клубот од градот на Ромео и Јулија во втората лига.
Затоа на стадионот се досетија да направат одлична најава за овој двобој.
„Road to Chiev“ напишаа од Кротоне, алудирајќи на Киев во Лигата на шампионите, но со јасна порака дека тимот очека сосема нешто друго.
Кротоне изминатата сезона за малку ќе завршеше во втората лига. Но со чудесната серија резултати, успеа да се спаси, а на прагот истото да се случи е и оваа година. Во последните пет дуели имаше еден пораз, како и три победи и едно реми.