Дома Фудбал (Видео) Драма на терен: Поранешен репрезентативец на Италија го гасеше пожарот среде натпревар

(Видео) Драма на терен: Поранешен репрезентативец на Италија го гасеше пожарот среде натпревар

Неверојатни сцени се видоа на натпреварот од промотивната лига на Швајцарија меѓу екипите Парадисо и Баоа. Додека играчите се бореа за поени на теренот на стадионот “Пиан Скаироло”, вистинска драма се одвиваше веднаш покрај аут-линијата!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај оградата која го разделува теренот од паркингот избувна пожар. Огнот се ширеше нагло, а додека другите гледаа во шок, на сцена стапи никој друг туку – Езекиел Скелото!

Некакогашниот фудбалер на миланскиот Интер, Аталанта и повремен репрезентативец на Италија, кој моментално има двојна улога во Парадисо (играч и потпретседател на клубот), не чекаше пожарникари. Скелото веднаш претрча и сам го изгасна пламенот, спречувајќи инцидентот да се претвори во сериозна катастрофа.

За среќа, во овој инцидент никој не беше повреден, а натпреварот брзо продолжи.

Да биде работата подобра за домаќинот, „пожарникарот“ Скелото и неговиот тим на крајот славеа и на фудбалскиот план. Иако Баоа водеше од 11. минута со гол на Алварез, екипата на Парадисо во финишот режираше голем пресврт. Прво, Бенакистан израмни во 72. минута, а потоа целосен триумф и големи три бода домаќинот му донесе Д’Агостино во 82. минута од натпреварот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…