Добра вест пристигна од Островот за сите љубители на англиската Премиер лига. Имено, во иднина ќе гледаме повеќе натпревари од Премиер лигата во живо.
Премиер лигата од сега ќе емитува во живо 200 од вкупно 380 натпревари, што е за дури 42 натпревари повеќе отколку моменталниот договор. Освен тоа, голема новост е и тоа што сега ќе имаме прилика да гледаме натпревари од Премиер лигата во сабота навечер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сегашниот договор за пренос на натпреварите од Премиер лигата вреди 5,1 милијарди фунти, а продаден е на „BT Sport“ и „Sky Sports“, но организаторите имаат намера да ја зголемат оваа бројка. Тоа ќе го направат со потполно нови термини за пренос на натпреварите. Повеќе нема да имаме можност да гледаме пет натпревари во сабота од 15:00 часот по британско, односно 16:00 часот по средноевропско време.
По новите термини за емитување ќе гледаме 32 натпревари во сабота од 12:30 (по британско време), 32 натпревари во сабота од 17:30, 24 натпревари во недела од 14:00, осум натпревари во сабота од 19:45, 32 натпревари во недела од 16:30, 24 натпревари во понеделник од 20:00/петок од 19:30 и 20:00 и осум натпревари во недела од 14:00.
Премиер лигата ќе продолжи со политиката правата за пренос да ги додели на повеќе од еден емитер, а „BT Sport“ и „Sky Sport“ секако повторно ќе бидат во конкуренција. Освен нив, постои можност во конкуренција да влезат и интернет мрежата „Amazon“, како и „Facebook“ кој ќе ги пренесува натпреварите преку „live“. Се очекува аукцијата да биде одржана во февруари.
За крај, додаваме дека новиот пакет за услуги ќе се применува од 2019. година, а ќе важи се до 2022.