Дома Фудбал Останато Насри во голем проблем – може пред време да ја заврши кариерата!

Насри во голем проблем – може пред време да ја заврши кариерата!

Фудбалерот на Манчестер Сити кој е на позајмица во Севиља, Самир Насри се соочува со четиригодишна суспензија поради кршење на антидопинг правилата.

Французинот се наоѓа под истрага на светската антидопинг агенција (ВАДА), поради сомнителниот третман за време на рехабилитацијата во клиниката „Дрип докторс“ во Лос Анџелес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ВАДА сака да дознае кој би точниот третман на Насри, па доколку се открие дека користел недозволени супстанци му се заканува повеќегодишна суспензија, што би значело и крај на кариерата.

Во Севиља се сигурни дека нивниот играч е чист. ВАДА, како што е познато, забрани интравенозни терапии, освен во случај на гаранција дека во текот на шестчасовниот период нема да бидат вбризгани повеќе од 50 милилитри супстанца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…