Дома Фудбал Италија Наполи бара одложување на натпреварот со Јувентус

Наполи бара одложување на натпреварот со Јувентус

Наполи објави дека и тренерот Лучијано Спалети е позитивен на коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во соопштението се наведува дека Спалети нема симптоми, но поради правилата мора да биде во изолација. Ова значи дека стратегот утрешното дерби против Јувентус ќе може да го гледа само на ТВ.

Покрај Спалети позитивни тестови во Наполи имаат: Марио Руи, Кевин Малкуи, Фабијан Руиз, Елиф Елмас, Виктор Осимен и Ирвинг Лозано, додека Калид Кулибали е повреден.

Унас и Ангиса се со своите репрезентации Алжи и Камерун на Африканскиот куп на Нации. Поради ваквата ситуација од Наполи побарале одложување на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…