Дома Трансфер зона Навивачите нема да бидат воодушевени: Барселона го сака фудбалерот кој разочара во Јунајтед

Навивачите нема да бидат воодушевени: Барселона го сака фудбалерот кој разочара во Јунајтед

Раководството на Барселона според последните информации од Шпанија сака на позајмица да го доведе крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони.

Ерик Тен Хаг нема некоја доверба во Бразилецот, па поради тоа е и изненадување што Барселона сака да го доведе. Антони минатата година имаше проблеми со заканот, а откако се врати во тимот не игра на највисоко ниво.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


2023 година ја заврши со само еден гол и без асистенција, додека очекувањата од него беа далеку поголеми бидејќи Јунајтед плати сума од 95 милиони евра.

Медиумите шпекулираат и дека агентот на Антони го понудил на Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра, меѓутоа „кралевите“ ја одбиле таа опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…