Фабрицио Романо штотуку потврди дека Манчестер Јунајтед ја прифатил понудата од 35 милиони евра и дека Мегваер останува во Англија.
Негов нов клуб ќе биде Вест Хем и двата клуба го потврдија договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Останува Мегваер да се договори за личните услови и соработката ќе биде официјална.
Мегваер беше скапо платен во Јунајтед, ја доби и капитенската лента, но не ги оправда очекувањата.
Често беше мета на потсмев поради неговите неверојатни реакции на натпреварите, што на крајот скапо го чинеше.
Навивачите беа против него, му беше одземена капитенската лента и со месеци се зборуваше дека е време за збогување.
Мегваер пристигна во Манчестер од Лестер во 2019 година за дури 87 милиони евра.
Стана најскапиот дефанзивец во Премиер лигата, а сега ќе биде интересно да се види како ќе се снајде во новата средина.