Рома е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, пренесуваат италијанските медиуми.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и му порачал да си бара нов клуб, а Рома сака да ја искористи таквата ситуација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мурињо одлично го познава Англичанецот и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим, но проблем е што Манчестер Јунајтед за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Рома сака да го донесе десниот бек на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 20 милиони евра.
Мурињо веќе имал разговор со 24-годишниот англиски репрезентативец и го убедил да се пресели во Рома.