Дома Фудбал Останато Мурињо одговори на критиките: Го немам Халанд, па да постигнуваме многу голови

Мурињо одговори на критиките: Го немам Халанд, па да постигнуваме многу голови

Рома вчера беше поразена од Феенорд во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Фудбалерите на римскиот клуб имаа проблеми со реализацијата затоа што упатија дури 17 удари кон противничкиот гол, но само два од нив беа прецизни. Исто така, Лоренцо Пелегрини промаши и пенал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Новинарите по натпреварот го запрашаа Португалецот за слабата реализација.

„Го немам јас Халанд во нападот. Тажни сме и секогаш се трудиме да дадеме се од себе, момците играа одлично. Можевме да постигнеме и подобар резултат, но не успеавме во тоа“.

Рома го победи Феенорд минатата сезона во финалето од Конференциската лига.

„Домаќините беа мотивирани да се одмаздат за поразот во Конференциската лига. Сепак, не можете да промените резултат на натпревар кој сте го изгубиле. Феенорд дури и да победеше со 10:0, таа победа на Рома во финалето ќе останеше“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…