Дома Фудбал Англија Мурињо на конференција пред натпреварот против Јувентус, а за Италијанците скоро и да не зборуваше

Мурињо на конференција пред натпреварот против Јувентус, а за Италијанците скоро и да не зборуваше

mourinho

На конференцијата за новинари во Манчестер пред натпреварот против Јувентус најмалку се зборуваше за Италијанците.

Како и што веќе навикнавме на конференцијата на Јунајтед внимание привлекуваа некои други работи, а една од таквите е судирот кој Жозе Мурињо го имаше со еден од помошниците на Маурицио Сари во претходниот дерби натпревар против Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од асистентите на Сари го прослави голот буквално пред Португалецот, на што Мурињо не можеше да се воздржи и тргна физички да се пресмета.

Мурињо и после натпреварот изјави дека добил извинување, а и оваа прилика ја искористи да истакне дека помеѓу нив нема „зла крв“.

„Не заслужува ништо повеќе од тоа што го доби, се извини и заслужува втора шанса. Призна дека погрешил и не сакам да бидам пречка во неговата кариера. Тоа е тоа“, заклучи „Специјалниот“.

Мурињо исто така потврди дека на утрешниот натпревар сигурно нема да настапи на Санчез, што и можеше да се очекува после проблемот кој Чилеанецот го направи денес.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ се игра утре со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …