Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги загуби нервите после примениот гол во судиското продолжување.
Откако Рос Баркли погоди за 2:2 во 96-та минута еден човек помина покрај Мурињо на клупата и го провоцираше, а овој почна да го брка се до тунелот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Подоцна беше откриени дека иницијатор на инцидентот беше помошникот на Сари, Марко Ијани кој неспортски го прослави голот провоцирајќи го Мурињо.
Jose Mourinho releasing his inner Khabib. pic.twitter.com/avyhqSsd9S
— EPL Bible (@EPLBible) October 20, 2018
„Не сум лут на никого и за ништо. Тоа што се случи со асистентот на Сари се случи. Сари беше првиот човек кој ми пријде и кој ми кажа дека ќе го реши овој проблем интерно со него. После тоа, неговиот асистент пристигна во мојата соба и ми се извини. Експресно го прифаќам извинувањето. Му реков да заборави, бидејќи и јас правев грешки во минатото“, откри Муроњо по мечот.