Дома Фудбал Англија Мурињо му е лут на Погба поради повредата, но со право!

Мурињо му е лут на Погба поради повредата, но со право!

Пол Погба се повреди во натпреварот против Базел, а тоа дефинтиивно не може да биде добро за Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо.

Францускиот репрезентативец ја повреди задната ложа во мечот од групната фаза на Лигата на Шампионите против Базел (3:0), па од теренот ќе биде отсутен најмалку шест недели. Англиските медиуми објавија дека Мурињо бил многу лут на тоа што Погба се повреди, бидејќи веќе имал проблеми со повредата. Погба во текот на летото требал да работи на посебен план и програма, но очигледно не работел.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Погба ангажирал приватен тренер и имал некои свои идеи како да работи, па според тврдењата на лекарот на Јунајтед, ја влошил ситуацијата, што доведе до брза повреда. Сега „Црвените ѓаволи“ ќе бидат принудени неколку натпревари да ги одиграат без еден од своите најдобри играчи, а прв на редот е Евертон кој овој викенд гостува на „Олд Трафорд“. Погба најверојатно ќе го замени Фелаини кој исто така е „прероден“ оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…