Дома Фудбал Останато Мурињо го искоментира ВАР во свој стил: Само крадците се жалат на камери

Мурињо го искоментира ВАР во свој стил: Само крадците се жалат на камери

Жозе Мурињо од ова лето работи како стручен коментатор во „Скај Спорт“.

Португалецот е без тренерски ангажман уште од декември кога после серијата лоши резултати доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед.

Пред неколку месеци се споменуваше дека Мурињо ќе седне на клупата на ПСЖ или Баерн, но тоа не се случи.

Мурињо сега ја коментираше ВАР технологијата и тоа го направи во свој стил.

„Само крадците можат да се жалат на воведувањето сигурносни камери“, изјави Мурињо.

Сега не е јасно дали Жозе мислеше на нкој конкретно или само сакаше да порача дека нема ништо против ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе сака да побегне од славата: „Кажете ми место каде никој нема да ме препознае!“

Килијан Мбапе откри дека и покрај обидите да остане незабележан, речиси невозможно му е да…