Дома Фудбал Останато Мурињо во центарот на нов скандал: Што правеше во Доха? (ФОТО)

Мурињо во центарот на нов скандал: Што правеше во Доха? (ФОТО)

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се наоѓа во центарот на нов скандал.

Мурињо во последно време многу се поврзува со превземање на Реал Мадрид и поради тоа неговото име често е во медиумите, сепак сега се најде и поради нешто друго.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Португалецот вчера бил виден во Доха во друштво на Пру Картер-Робинсон и својост асистент Рикардо Формошино.

Наводно, Пру и Жозе уживале во сонцето, но и биле внимателни да не бидат еден покрај друг. Она што е интересно е што таа на својот телефон го носеше логото на Манчестер Јунајтед.

Минатата година „Сан“ пренесе вест дека токму Пру и Жозе биле во многу блиска врска. Тие се запознале кога Мурињо бил тренер на Реал Мадрид, а често пати оделе и на заеднички одмори ширум светот.

Во текот на својата кариера Жозе во јавноста многу пати ја истакнуваше важноста на неговиот брак кој трае веќе 30 години и истакнуваше голема љубов кон сопругата и децата.

Но, додека беше тренер на Манчестер, тој живееше во хотел додека неговото семејство престојуваше во Лондон во куќа која се проценува на околу 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…