Новиот тренер на Барселона, Чави сака да го доведе Алваро Мората во јануарскиот преоден рок.
Некогашниот играч на Реал Мадрид, сега го носи дресот на Јувентус, но во италијанскиот тим игра како позајмен играч од Атлетико Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус сигурно нема да го откупи Мората за 50 милиони евра, па е спремен да го пушти уште во јануари доколку донесе замена.
Последните информации од Шпанија се дека Мората веќе ги договорил личните услови со Барселона и чека „зелено светло“ да се пресели на Камп Ноу.
Задоволен од ваквиот трансфер би бил и Атлетико Мадрид, кој би добил пари кои би ги искористил да го доплати трансферот на Антоан Гризман токму од Барса.
Јувентус е во напредни преговори со Икарди и во него гледа идеална замена за Мората. Аргентинецот може да пристигне на позајмица од ПСЖ.