Алваро Мората летово пристигна во Милан како едно од најзвучните засилувања, меѓутоа сега ќе мора да биде три недели надвор од терените.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мората во натпреварот против Торино влезе во второто полувреме и постигна гол во ремито 2:2.
Но, во натпреварот и го истегна мускулот поради што сега ќе мине одреден период на рехабилитација.
Со повредата Мората ќе ги пропушти натпреварите против Парма и Лацио. Исто така нема да биде дел и од Шпанија во стартните два натпревари од Лигата на Нации.