Дома Фудбал Останато Модриќ во Серија А? Неговиот пријател го знае одговорот!

Модриќ во Серија А? Неговиот пријател го знае одговорот!

modric

Интер минатото лето се обиде да го доведе, но на крајот Модриќ остана во Мадрид.

Искусниот хрватски играч, кој ја доби наградата на ФИФА „The Best“ за најдобар фудбалер во светот и кој е главен кандидат за освојување на Златната топка би можел сепак да го напушти главниот град на Шпанија следното лето. Реал по одличните три сезони со Зидан целосно потона по неговото заминување, играат лошо, Солари малку го крена клубот, но против Еибар (0:3) се виде дека постојат големи проблеми.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Така следното лето тие најискусните би можеле да добијат одврзани раце со цел да пристигне нова свежа крв. Модриќ би сакал да игра во Серија А, а за тоа говореше и неговиот сонародник, играчот за врска на Каљари, Филип Брадариќ.

„Дали ќе го видиме Модриќ во Италија следната сезона? Мораме да го прашаме Срна, тој е негов најдобар пријател, но се надевам, тоа би била голема работа за Серија А“, истакна Брадариќ.

Интер е заинтересиран, веројатно ќе биде и следното лето, но ќе видиме што ќе се случи на крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…