Дома Фудбал Останато Мистеријата станува уште поголема: Енрике повеќе не е селектор на Шпанија!

Мистеријата станува уште поголема: Енрике повеќе не е селектор на Шпанија!

Луис Енрике се повлекува од местото селектор на Шпанија после само една година.

На денешната прес-конференција беше соопштено дека Енрике се повлекува од функцијата селектор поради семејна причина. Таа негова одлука ја соопшти претседателот на фудбалскиот сојуз Луис Рубиалес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе детали засега не се познати, само се знае дека Енрике има сериозни семејни проблеми поради кои не ја водеше „Црвената Фурија“ на три натпревари во квалификациите за Европското првенство за 2020 година.

Позицијата на Енрике ќе ја превземе неговиот помошник Роберто Морено со кој Шпанија ги победи споменатите три натпревари.

Се шпекулираше дека Абелардо Фернандез може да стане селектор (тренерот на Алвес), но на крајот според информациите пресудил гласот на соблекувалната. Играчите застанале зад Морено и донесена е одлука тој да остане на селекторската позиција.

Оваа драма е навистина драма каква што шпанија не памети, не е ниту блиску до она што се случуваше во текот на летото кога Јулиен Лопетеги ја напушти клупата пред Мундијалот.

Ќе потсетиме, Енрике ја напушти репрезентацијата на само шест часа пред квалификацискиот натпревар против Малта. Засега останува мистерија што се случило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…