Бојан Миовски ова лето го напушти шкотскиот Абердин и се пресели во редовите на шпанската Џирона.
Македонскиот фудбалски репрезентативец во второто коло од „Ла Лига“ го имаше своето деби на гостувањето кај Атлетико Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Домаќините слабеа убедливо со 3:0, првиот гол беше дело на Гризман во 39 минута, на стартот од вториот дел позитивата ја зголеми Љоренте. А за 3:0 се погрижи Коке во судиското надополнување.
Миовски при негатива од 2:0 влезе во игра како замена за Абел Руиз, но не успеа да се запише во листата на стрелците.
Во неделата се одиграа уште три натпревари: Реал Мадрид – Ваљадолид 3:0, Леганес – Лас Палмас 2:1 и Алавес – Бетис 0:0.
Шансата на Миовски погледнете ја во 68 минута од натпреварот.