Maкедонскиот напаѓач Милан Ристовски пред бараж пресметката со Италија имаше интервју за „Калчомеркато“.
Македонија како што е познато доби тежок пат за до Светското првенство во Катар, прво треба да ја победиме Италија на гости, а потоа да играме на гостински терен со подобриот од Португалија и Турција. Сепак напаѓачот кој добиваше шанса во последните мечеви кај Благоја Милевски, Милан Ристовски најави дека Македонија нема да се откаже.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ќе играме против европскиот шампион, нормално ако имав можност да бирам не би ја избрал Италија. Сепак имаме можност да го покажеме квалитетот и нашиот тимски дух. Натпреварот го чекам со нетрпение. Подготвени сме да се бориме. Немаме страв, ќе го анализираме противникот и ќе направиме се за да победиме“.
Ристовски призна дека во деството навивал за Јувентус и сонува да го облече дресот на „старата дама“.
„Ја почитувам Серија А. Од детството навивам за Јувентус и сонувам еден ден да заиграм таму“, изјави Ристовски.
Целото интервју на Ристовски – тука.
Фото: ФФМ