Дома Фудбал Гатузо: Босна и Херцеговина е Монт Еверест за нас

Гатузо: Босна и Херцеговина е Монт Еверест за нас

Италија ја победи Северна Ирска со 2:0 во првиот плејоф натпревар за Светското првенство и ќе игра против Босна и Херцеговина во Зеница на 31 март за место на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанскиот селектор, Џенаро Гатузо, зборуваше за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, нагласувајќи дека неговиот тим ја очекува исклучително тешка задача.

„Босна и Херцеговина игра во формација 4-4-2. Очекуваме жешка атмосфера на стадионот, тоа е тим со многу искусни поединци. Натпреварот со Велс беше сосема поинаква приказна. Босанците многу добро знаат како да се затворат во одбраната и да се потпрат на своите напаѓачи. Не очекува уште еден неверојатно тежок натпревар, исто како и со Северна Ирска“, рече Гатузо.

Познатиот Италијанец живописно ја опиша важноста на претстојниот натпревар против Босна и Херцеговина

„Направивме само еден мал чекор. За нас, Босна и Херцеговина е како Монт Еверест на кој треба да се искачиме. Влогот е огромен.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо има два услови за да го преземе Реал Мадрид

Обрчот околу Жозе Мурињо во Реал Мадрид се стегнува. Како што објавува „Ас“, Португалецот …