Милан Ристовски од денес и официјално е играч на Спартак Трнава.
Спартак Трнава не објави за која сума го откупила договорот на македонскиот репрезентативец, но потенцираше дека Ристовски е најскапото засилување во нивната клупска историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што трансферот се заврши после неколку недели преговори. Горд сум што повторно ќе бидам дел од Спарта, сите знаат колку клубот ми помогна да се вратам во форма, благодарен сум за довербата, Се надевам на добра сезона затоа што сум гладен за успех и голови“, изјави Ристовски.
Дека трансферот е најскап во историјата на Спартак потврди директорот Милан Цунинка.
„Сумата нема да ја откријам, но ова е најскапиот трансфер во историјата на клубот. Затоа преговорите траеа нешто подолго“.