Дома Трансфер зона Милан го откупува Флоренци

Милан го откупува Флоренци

Милан донел одлука да го откупи Алесандро Флоренци на крајот на сезоната, пренесува „Газета дело Спорт“.

Флоренци пристигна минатото лето на позајмица од Рома и одлично се вклопи во тимот на „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот е важен за тренерот Пиоли бидејќи може да игра на неколку позиции и одлично се вклопи во соблекувалната на тимот.

„Росонерите“ имаат опција да го откупат на крајот на сезоната за 4,5 милиони евра, а веќе донеле конечна одлука.

Милан ја известил Рома дека Флоренци ќе биде откупен на крајот на сезоната, а италијанскиот репрезентативец ќе потпише 3-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…