Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург со победа се прости од ЛШ

Металург со победа се прости од ЛШ

Ракометарите на Металург со победа ги завршија настапите во Лигата на шампионите откако во последното коло во Ц групата, славеше над Чеховски Медведи 31:24 (15:10).

Избраниците на Лино Червар одиграа добар натпревар, без осцилации, со добра одбрана и минимум на технички грешки во нападот. За таквиот пристап младиот тим на Металург и беше награден со победа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од првата до последната минута Металург водеше, по почетните 3:0, на половина од првиот дел имаше предност од пет гола (8:3), во 26.минута и 14:8, а на полувреме 15:10.
Во првиот дел блескаше на голот на Чеховски Медведи ветеранот Грамс со осум интервенции, а неговите сиграчи во нападот не беа миленици на среќата бидејќи шест пати ја погодуваа рамката на голот.

Металург и во вториот дел одигра на високо ниво, рутински го држеше противникот на разлика од три до пет гола, а во 56.минута ја достигна највисоката преднст од седум голови 29:22.

Илиќ и Обрадовиќ со по седум голови го предводеа Металург, кој Лигата на шампионите ја заврши со пет победи и исто толку порази. Прво име во составот на Чеховски Медведи беше голманот Грамс со 13 интервенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој во овој период е во Македонија, а во изми…