Денес се одигра градското дерби во Автокоманда и може да се каже дека гледавме одлична пресметка.
Вардар беше фаворит, но дерби си е дерби, па Металург се покажа во супер издание добро ги „испоти“ црвено-црните. Домашниот состав не дозволи Вардар лесно да дојде до предност. Колку добро играа металурзите покажува и тоа што во 27. минута имаа 14:11.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа следуваше една серија на Вардар од 1:6 и на стартот од второто полувреме имаше 15:16. Од тука почна да се решава натпреварот. Вардар успеа да поведе и со 19:23, а до крајот Металург успеа само во еден период да се доближи до 23:24.
На крајот Вардар го доби натпреварот со 27:31.
Фото: Денис Дуковски/ РК Вардар1961