Металург доби ривал по мерка во второто квалификациско коло во ракометната Лига на Европа, откако денешната жрепка за противник им го донесе швајцарски Криенс.
Првата средба ќе се одигра на 22 септември во Скопје, додека реваншот на програмата е на 29 септември во Луцерн.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Швајцарскиот тим во првото коло беше поуспешен од Дубрава која ја совлада во двата натпревари, со 29:27 и 28:19. Металург во првото квалификациско коло беше поуспешен од Спачва.
Швајцарскиот Криенс ќе биде последната пречка на Металург за пласман во групната фаза на Лига Европа.
„Се работи за еден од противниците кои ги посакувавме за оваа рунда, но сигурно нема да биде лесно“, прокоментира тренерот Кастратовиќ.