Дома Фудбал Останато „Меси најдобар беше кај Гвардиола, никогаш потоа не играше таков фудбал“

„Меси најдобар беше кај Гвардиола, никогаш потоа не играше таков фудбал“

Tренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг смета дека Лионел Меси најдобрите настапи ги прикажувал под водство на Пеп Гвардиола.

Гвардиола на клупата на Барселона беше од 2008 до 2012 година и за тој период освои повеќе трофеи. За тие години Меси освои дури четири Златни топки во низа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Меси беше лидер, но работеше и за тимот. Никогаш потоа не играше фудбал како кај Гвардиола. Тој експериментираше, секогаш откриваше нешто ново и тоа на Меси му одговараше“, смета Тен Хаг.

Оваа изјава на Тен Хаг веројатно и е точна затоа што во тој период Меси освои најмногу Златни топки, додека Барселона изгледаше како тим кој е една класа над останатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Куртоа се враќа, но нема да брани во Лигата на шампионите

Првиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа би требало да се врати во првиот тим п…