Дома Топ вести Меси го продолжи договорот, ама не со Барселона!

Меси го продолжи договорот, ама не со Барселона!

Додека чека да потпише нов договор со Барселона, Лионел Меси го продолжи договорот за спонзорство со Адидас.

Аргентинскиот фудбалер потврди на Фејсбук дека ја продолжува соработката со производителот на спортска опрема кој е негов спонзор од почетокот на кариерата.

„Среќен сум што ја продолжувам соработката со Адидас“, напиша Меси.

Сепак она што сите го очекуваат е продолжување на договорот помеѓу каталонскиот клуб и Меси којшто истекува во јуни 2018.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Крици одекнуваа на стадионот, фудбалер се грчеше од болки на теренот (Видео)

Дерби на шестото коло на Првата лига на Србија меѓу двете водечки екипи, ОФК Вршац и Чачан…