Дома Фудбал Останато Меси го испофали Ван Дајк пред доделувањето на „Златната топка“

Меси го испофали Ван Дајк пред доделувањето на „Златната топка“

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси имаше само пофални зборови за дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој ќе биде негов најголем ривал за „Златната топка“ оваа година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата имаа „жесок“ дуел во четвртфиналето од Лигата на шампиони минатата сезона, кога Меси блесна на „Камп Ноу“, но на реваншот „црвените“ однесоа голема победа.

„Тој е дефанзивец кој знае многу добро како да ги синхронизира своите потези, да излегува во точен момент или да го надмудри напаѓачот. Тој е многу добар тактички и има исклучителна физичка сила и висина. Притоа, одличен е и во напад бидејќи постигнува многу голови“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Eден од хероите на БиХ може да заврши во Арсенал!

Одличните настапи минатата сезона во Салцбург, кои продолжија и на Светското првенство, го…